Wednesday, July 18, 2012

ПРЕСТАНЕТЕ ПРЕД ДА УБИЕТЕ НЕКОГО!

Повторен апел на Цивил по повод зачестените инциденти од славеничкото пукање во Република Македонија. „Престанете пред да убиете некого! Славеничкото пукање е примитивно, опасно и незаконско!“

Три девојки од кои едната потешко, се ранети во инцидент од славеничкото пукањена свадбена веселба вчера во село близу Тетово. Ова е трет по ред забележан инцидент во само една недела, каде се ранети и повредени неколку лица од славеничкото пукање.
Цивил го повторува својот јавен апел да се стави крај на славеничкото пукање пред некој да биде убиен. Штетата е веќе висока со самото тоа што луѓе се ранети а гостите на прославите се трауматизирани во текот на славеничката сезона во земјата.
Апелираме до домаќините и организаторите на семејните веселби да ги заменат пиштолите и куршумите со легални начини како што се огнометите и тоа ракувани од квалификуван персонал. Славеничкото пукање е забрането со закон и е дел од традиција која им припаѓа на минатите векови кога луѓето немале телефони и други комуникациски алатки. Тоа е примитивно, опасно и незаконско!
Култот кон оружјето е широко распространето во Република Македонија. Според нашите проценки, во земјата има 110-170 илјади лица кои поседуваат нелегално оружје и близу 170 илјади лица со дозволи за поседување огнено оружје.
Цивил постојано ја алармира јавноста и владата за теми поврзани со контролата на оружјето во изминатите 11 години. Неодамна, Цивил спроведе низа активности за јакнење на јавната свест. Препораки за контрола на оружјето до Владата беа објавени и доставени во различни форми (прес конференции, писма, онлајн публикување, итн.).
Крајно време е засегнатите страни во доменот на општеството и владата да преземат сериозни чекори за надминување на култот кон оружјето и другите проблеми поврзани со оружјето. Уште еднаш нагласуваме дека култот кон оружјето и другите проблеми со оружјето не се само полициска задача. Наместо тоа, потребно е да се преземат долгорочни и мултидисциплинарни мерки

No comments:

Post a Comment