До овој момент, дваесет и двајца македонски пратеници ја поддржаа Кампањата Глобална парламентарна декларација за Спогодбата за трговија со оружје
Кампањата ГЛОБАЛНА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СПОГОДБАТА ЗА ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ се уште трае. До овој момент, Цивил собра 22 Декларации потпишани од македонските пратеници. Се очекуваат уште потписи во текот на денешниот и наредните денови.
Претходниот рок, 2 април, се продолжи на уште неколку дена, додека се соберат сите поединечни потписи на пратениците во Собранието на Република Македонија. Претседателот на Собранието Трајко Велјановски испрати и писмо со поддршка на процесот за донесување глобална Спогодба за трговија со оружје.
Според критериумите и форматот на Кампањата, секој народен избраник треба да изрази лична поддршка со ставање на својот потпис на Декларацијата која Цивил ја преведе на македонски и албански јазик и достави по еден примерок до секој пратеник на 27 март.
Цивил вчера (10 април) испрати дополнително писмо во кое пратениците се потсетуваат и се информираат за Кампањата. Меѓу другото, во писмото се наведува дека, на барање на пратениците, може да им се достави дополнителна копија од Декларацијата, доколку претходната копија ја изгубиле во меѓувреме.
No comments:
Post a Comment