Цивил – Центар за
слобода најостро го осудува промовирањето на култот кон оружјето овојпат од
една важна владина институција – Министерството за одбрана на РМ. За време на
одбележувањето на јубилејот и денот на АРМ минатата недела оружјето им беше
достапно на децата и младите. Оценуваме дека самото претставување на оружјето е
проблематично, а достапноста на оружјето до децата и младите на оваа
манифестација е скандалозно и недозволиво.
Во време кога
Македонија се залага за контрола на оружјето и надминување на култот кон
оружјето, ваквото однесување на Министерството и Армијата покажуваат дека овие
заложби се само декларативни.
Веруваме дека
постојат многу начини поинаку да се промовира Армијата на РМ и да се приближи
до сите возрасни групи во земјата, но ако има начин кој не смее да се дозволи е
токму начинот на кој тоа се направи на оваа манифестација.
Апелираме до
Министерството за одбрана и до сите релевантни институции на државата да
престанат со вакви практики за доброто на идните генерации.
Апелираме до
родителите да ги држат своите деца подалеку од оружјето. Во иднина, кога
институциите тоа ќе го заборават, тие самите да бидат совесни и да не ги носат
своите деца на вакви манифестации.
No comments:
Post a Comment