www.controlarms.org |
Меѓународната заедница е на крстопат во процесот на преговорите за постигнување на Спогодбата за трговија со оружјето. Како демократски избрани членови на парламентот ширум светот, ние гласно го одобруваме и поддржуваме овој преговарачки процес кој мора да овозможи цврст и законски обврзувачки инструмент кој ефективно се справува со катастрофалните последици од оруженото насилство и конфликтите во целиот свет.
Ние сме засегнати со тоа дека меѓународната трговија со оружје, кога се спроведува неодговорно или се пренасочува кон илегалните пазари, придонесува кон оружените конфликти и оруженото насилство. Ова често резултира со сериозни прекршувања на меѓународната легислатива за човековите права и меѓународното хуманитарно право, внатрешни и прекугранични раселувања, тероризам, организиран и општ криминал и олеснување на трговијата со наркотици.
Освен тоа, го поттикнува родовото насилство врз жените – кои исто така трпат индиректни, долгорочни последици од оруженото насилство. Сите овие фактори зи загрозуваат мирот и процесите за градење на мирот, човечката сигурност, иницијативите за намалување на сиромаштијата и изгледите за одржлив социо-економски развој.
Ние сме цврсто убедени дека силна Спогодба за трговија со оружје (ATT – Arms Trade Treaty) може да даде значаен придонес во справувањето со ужасните човечки жртви кои се директна последица на лошо регулираната трговија. Најмалку што треба да се очекува од ATT е да не дозволи ниту еден меѓународен трансфер на оружје и муниција доколку постои ризик оружјето да биде употребено за кршење на човековите права, меѓународното хуманитарно право или ги оневозможува напорите за редукција на сиромаштијата или социо-економскиот развој.
Исто така, нам ни е јасно дека, ако сакаме Спогодбата за оружје да има соодветно влијание, истата мора да биде сеопфатна и да ги вклучи сите меѓународни трансфери на конвенционално оружје, особено на малото и лесно оружје, но и муницијата и опремата што се користи во воените и внатрешните безбедносни операции.
Како законодавци од целиот свет, не само што сме поддржувачи на Спогодбата за трговија со оружје, туку имаме и пресудна улога и одговорност овој Договор да го спроведеме во дело.
Како Застапници – ние можеме и ќе продолжиме со активно ангажирање со нашите колеги во извршните бранши на владата да придонесеме ATT да го добие приоритетот што го заслужува и ќе останеме информирани за овој процес и соодветниот пристап кон него. Исто така, активно ќе се залагаме за ратификација на ATT во нашата земја кога истата ќе биде потпишана на меѓународно ниво.
Како Законодавци – ќе подготвиме легислатива која на ATT ќе и овозможи ефект во нашата земја и ќе бараме секој од домашните закони верно да ги одразува и интегрира одредбите на ATT.
Како Чувари на народната доверба – ќе обезбедиме преку нашите надлежности за надзор и одговорност, дека нашите влади правилно ќе го имплементираат и спроведуваат домашното право во согласност со ATT. Легислативата е добра само толку колку што е добра нејзината имплементација.
Како Морални индивидуи, над сѐ, кои ги гледаат животите на оние кои претрпеа ненадоместливи штети од сегашната неадекватна регулација на глобалната трговија со оружје.
Ја поздравуваме растечката глобална поддршка на ATT, меѓу многуте различни групи – вклучувајки го приватниот сектор и глобалната заедница на инвеститори, преживеаните од оруженото насилство и верските лидери – кои во сѐ поголем број препознаваат дека Спогодбата за трговија со оружје е во интерес на сите, не само на неколкумина.
Затоа, ги повикуваме засегнатите во преговорите за Спогодбата за трговија со оружје од целиот свет да ни се придружат во вдвојување на нашите напори, во претстојните месеци, да креираме силна меѓународна согласност која ќе го спречи неодговорната и незаконска трговија меѓу државите. Солидна Спогодба за трговија со оружје во голема мера ќе ги редуцира бесмислените и огромни загуби на човечки животи и придобивки, а истовремено, нема да ги загрози операциите на легитимната глобална трговија со оружје која се спроведува со потполн респект за владеењето на законот и меѓународните стандарди.
Потпис
---------------
No comments:
Post a Comment