НВО Инфо Центар
Среда, 28 март 2012 г.
11 часот
По повод акцијата на Цивил – Центар за слобода за потпишување на Парламентарната декларација за поддршка на процесот за глобална Спогодба за трговија со оружје, Ве покануваме на прес конференција во НВО Инфо Центар, во среда (28 март 2012 г.) во 11 часот.
На прес конференцијата ќе се презентираат информации во врска со состојбата со оружјето и оруженото насилство и можните импликации на неодамнешното етничко насилство во доменот на процесите поврзани со контролата на оружјето во Република Македонија.
Спогодбата за трговија со оружје е врв на меѓународните напори да се воспостави контрола врз трговијата со оружјето во глобални рамки, што ќе има големо влијание врз подобрување на контролата на оружјето на национално ниво во сите земји членки на Обединетите Нации.
По презентацијата (придружена со видео презентација, 5-7 минути) и прашања и одговорите, доколку новинарите искажат интерес, ќе направиме проекција на документарниот филм Control Arms: The Story so Far (англиски, 20 минути).
Прес конференцијата ќе ја водат Џабир Дерала и Александра Маја Милошевиќ.
Контакт:
Соња Ефтовска, Администрација и комуникации (civil.arms.control@gmail.com | тел: 02/5209176)
Дополнителни информации
Цивил – Центар за слобода е организација членка на Control Arms и на International Action Network on Small Arms.
Control Arms е глобална алијанса на граѓанското општество за „блиндирана“ Спогодба за трговија со оружје која ќе го штити животот и животните придобивки на човекот. Таква “блиндирана“ Спогодба за трговија со оружје значи меѓународно правно обврзувачки договор кој ќе ги сопре трансферите на оружје и муниција кои ги распламтуваат конфликтите, сиромаштијата и сериозното кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право.
Оваа алијанса ја иницираа и ја водат Amnesty International, Oxfam International и International Action Network on Small Arms (меѓународна мрежа на организации во која Цивил членува од 2002 година).

No comments:
Post a Comment