Парламентарците имаат значајна улога во успехот на идната Спогодба за трговија со оружје (Arms Trade Treaty - ATT). Тие имаат можност да настапат како застапници, законодавци и чувари на јавната доверба, како и морални индивидуи. Поаѓајќи од значењето кое во секое демократско општество ги имаат парламентарците, коалицијата Control Arms, чија членка е и нашата организација, ја лансираа кампањата Парламентарна Декларација.
Од прес конференцијата во НВО Инфо Центар, 28 март 2012 г. |
Во 2009 година голем дел од владините делегации во ОН гласаа да се прејде од формални разговори кон работа врз конкретни мерки за формулирање на силна и ефективна Спогодба за трговија со оружјето на глобално ниво. Во таа година, 153 владини делегации гласаа за почеток на овој процес. Владината делегација на Зимбабве беше против оваа спогодба.
Три години по почетокот на овој процес, државите членки на ОН повторно се на крстопат, во пресрет на преговорите за конечно формулирање и донесување на Спогодбата за тргови со оружје во јули оваа година. Декларацијата на членовите на парламентите ширум светот ќе бидат поттик за структурите кои носат одлуки да го окончаат овој процес успешно и да донесат спогодба која ќе биде ефикасна и сеопфатна.
ДЕКЛАРАЦИЈАТА ДОСТАВЕНА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ
Цивил – Центар за слобода вчера им ја достави на потпишување Парламентарната декларација за поддршка на Спогодбата за трговија со оружје (АТТ) на сите 123 пратеници. Декларацијата е преведена на македонски и албански јазик и се очекува парламентарците да ги вратат потпишани овие декларации до понеделник, 2 април 2012.
Со потпишување на оваа Декаларација, пратениците на Република Македонија добиваат можност да им се придружат на напорите на парламентарците од целиот свет за воспоставување на стриктна контрола на трговијата со оружје во светот. Овој глобален проект кој во земјава го спроведува Цивил претставува придонес кон развојот и јакнењето на демократијата, човековите права и слободи и развојот на општеството на светско ниво, а соодветно на тоа и на национално ниво.
Нула одзив на МК парламентарците во 2008 година
Во 2008 година, во рамките на Глобалната недела на акција против оруженото насилство по иницијатива на ИАНСА на глобално ниво, Цивил упати јавен повик до парламентарците и писмо до Парламентот со термин за потпишување на оваа декларација.
Од прес конференцијата во НВО Инфо Центар, 28 март 2012 г. |
Се надеваме дека оваа година ќе биде поинаку, особено со оглед на фактот дека процесот на усвојување на АТТ на глобално ниво се ближи кон својата успешна завршница.
ПРИДОБИВКИ ОД КОНТРОЛАТА НА ОРУЖЈЕТО НА НАЦИОНАЛНО НИВО
Иако е од глобален карактер, оваа акција има големо значење на национално ниво. Ова особено се однесува на воспоставување правна рамка за доследно и долгорочно залагање на институциите на државата за стриктна контрола на оружјето, како и за транспарентност и вклученост на демократските институции во надзорот и контролата на оружјето.
На различни начини, ова ќе придонесе и кон поуспешна борба против нелегалното оружје. Исто така, подобрувањето на легислативата во доменот на контролата на оружјето на глобално ниво и нејзино спроведување на национално ниво ќе значи подигнување на нивото на одговорност на надлежните во поглед на набавките, трансферите и употребата на оружјето, муницијата и опремата.
Секоја земја поединечно ќе сноси одговорност во поглед на почитувањето на човековите права и слободи, бидејќи оваа глобална легислатива во себе вклучува механизми за надзор на тие состојби и нивно доведување во врска со оружјето.
Работата на оваа кампања на глобално ниво има и дополнителна функција на јакнење на јавната свест за проблемите поврзани со оружјето, а кои се директно поврзани со развојот на земјата воопшто.
Почитувани,
ReplyDeleteЌе бидам кратка!
Емисијата Ловечко око, што се емитува на ТВ Телма, не ја следам , немам таков интерес, но ете вчера менувајќи ги каналите, ја видов сцената кога почитуваниот автор Бојаровски, а навистина го почитувам , не го пишувам во иронија, презентираше оружје за ловење, не го ниту слушав ниту гледав до крај. Но сметам дека не е во ред да се рекламира било какво оружје. Тоа е само ХОБИ???
Па вчера некој лудак пукал во деца со ловечка пушка. Ловечката пушка убива мечки, лисици, волци...како и да е станува збор за средства со кои се убива!!!
Јас како единка не знам дали можам да реагирам, но затоа Вие, почитувани, испитајте го ова што го пишувам, ако сметате дека е потребно!!
Поздрав Павлина Колевска