Според нашите сознанија и анализи засновани на искуството и работата во
доменот на контролата на оружјето во изминатите 13 години истакнуваме дека:
-
влошувањето
на состојбата на човековите права, демократијата и владеењето на правото; култот
кон оружјето; растечката социјална несигурност; политичките турбуленции и радикализацијата
на меѓуетничките односи; падот на довербата на граѓаните кон државните
институции (полиција, судови итн.)
се сериозни
мотиви за граѓаните да поседуваат оружје, без оглед на тоа дали е легално или
нелегално.
Освен статистиките за поседувањето, вознемирувачки е фактот дека во пораст
е и подготвеноста тоа оружје да се употреби.
Затоа, ние до
Владата на Република Македонија ги доставуваме следните
ПРЕПОРАКИ
- Воведување итни мерки и градење долгорочни
стратегии за:
- јакнење на довербата меѓу
граѓаните и институциите што првенствено се постигнува преку почитување
на човековите права, демократијата и владеењето на правото;
- за јакнење на довербата
меѓу етничките заедници.
- Континуирани акции за јакнење на јавната
свест и едукација за ризици од оружјето и оруженото насилство.
- Подобрување на легислативата за контрола на
оружјето и нејзина хармонизација со другите закони и регулативи.
- Заострување на критериумите за поседување и
носење огнено оружје, како и на казнените одредби за злоупотреби и кршење
на законот за
- општата популација;
- професионалните структури
(полицијата, армијата и другите професионални структури под контрола на
државата, владата и локалните власти);
- агенциите за обезбедување.
- Нова амнестија за доброволно предавање на
оружјето со вклучена развојна компонента.
- Вклучување на граѓански организации со
соодветни мандати и програми во сите сегменти, а во согласност и со
препораките за соработка со граѓанското општество.
Во пресрет на Конференцијата на ОН
Во пресрет на
Конференцијата на ОН посветена на Спогодбата за трговија со оружјето во јули,
ја поддржуваме Владата во определбата да се поддржи оваа глобална спогодба
безрезервно и според препораките на Control Arms и IANSA. Владата на Република Македонија веќе го поддржа почетокот
на процесот за Спогодбата и застана на страната на над 150 држави во светот кои
го поддржуваат овој процес.
Воедно, на Владата на РМ и Делегацијата на РМ во ОН им
нудиме дополнителни брифинзи и експертска поддршка во врска со овој процес,
како и за другите прашања и теми поврзани со контролата на оружјето.