Цивил одржа прес конференција по повод започнувањето на Глобалната недела на акција против оруженото насилство вчера во НВО Инфо Центар. Пред присутните новинари, претставниците на Цивил, Џабир Дерала и Кристина Трајановска презентираа алармантни податоци за присуството на оружјето и оруженото насилство во светот и во Македонија. Тие говореа и за распространетоста на нелегалното оружје и култот кон оружјето во општеството, промовирајќи го слоганот „Македонија без оружје!“.
Се презентираа и резултатите од кампањата Парламентарна Декларација за поддршка на глобалната Спогодба за трговија со оружјето која ја потпишаа рекордни 87 пратеници во Собранието на Република Македонија. Се упати и покана до преостанатите пратеници да ја потпишат Декларацијата во текот на оваа недела.
Претставниците на Цивил накратко ја изнесоа и анализата за мотивите за поседување на оружјето кај населението во Македонија, заснована на 11 годишното искуство на организацијата во доменот на контролата на оружјето.

Од овие податоци и анализи произлегуваат и препораките на Цивил до Владата на Република Македонија за преземање краткорочни и долгорочни чекори за надминување на проблемот со оружјето во земјата. Во препораките спаѓа и организирање на нова амнестија за доброволно предавање на оружјето со развојна компонента.
Цивил апелира и до граѓаните да се воздржат од славеничкото пукање во пресрет на сезоната на семејни прослави. На крајот, Цивил ја претстави и својата програма на активности во текот на Глобалната недела на акција, од која се издвојуваат online и offline петицијата на Control Arms SPEAK OUT, како и вечерниот настан в среда, 13 јуни, во клуб Менада (Стара Скопска Чаршија), со почеток во 21 часот.
_________
Цивил е организација членка на Меѓународната акциона мрежа за малото оружје како и на глобалната коалиција Control Arms. Контролата на оружјето, покрај човековите права, мирот и толеранцијата, е една од основните програмски заложби на Цивил во Годишната програма и долгорочната Стратегија на организацијата. Годишната програма на Цивил е поддржана во рамките на Програмата Civica Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементирана од Центар за институционален развој (ЦИРа)
No comments:
Post a Comment