Wednesday, April 11, 2012

So far, 22 Macedonian MPs signed the Global Parliamentarian Declaration


The Macedonian Parliament (left)

So far, Civil has collected 22 Declarations signed by Macedonian MPs. More are expected today and in the days ahead

The Global Parliamentarian Declaration campaign in the Republic of Macedonia is still open. So far, Civil has collected 22 Declarations signed by Macedonian MPs. More are expected today and in the days ahead. 
The previous deadline for collection of signatures (April 2) was prolonged in order to collect individual signatures from as many Macedonian MPs as possible. Parliament’s Chairman Trajko Veljanovski has sent an official letter of support for the global Arms Trade Treaty process. 
According to the criteria and the format of the Campaign, each bearer of the people’s trust can express his/her support by individual signature on the Declaration, which Civil translated in Macedonian and Albanian language and provided a copy of it for each Member of the Parliament on March 27. Civil organized a press conference on March 28 to publicly announce the start of the Campaign. 


Civil has sent an additional letter to remind each Member of the Parliament on the Campaign, yesterday (April 10). 

КАМПАЊАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕКЛАРАЦИЈА СЕ УШТЕ ТРАЕ


До овој момент, дваесет и двајца македонски пратеници ја поддржаа Кампањата Глобална парламентарна декларација за Спогодбата за трговија со оружје

Кампањата ГЛОБАЛНА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СПОГОДБАТА ЗА ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ се уште трае. До овој момент, Цивил собра 22 Декларации потпишани од македонските пратеници. Се очекуваат уште потписи во текот на денешниот и наредните денови.

Претходниот рок, 2 април, се продолжи на уште неколку дена, додека се соберат сите поединечни потписи на пратениците во Собранието на Република Македонија. Претседателот на Собранието Трајко Велјановски испрати и писмо со поддршка на процесот за донесување глобална Спогодба за трговија со оружје.
Според критериумите и форматот на Кампањата, секој народен избраник треба да изрази лична поддршка со ставање на својот потпис на Декларацијата која Цивил ја преведе на македонски и албански јазик и достави по еден примерок до секој пратеник на 27 март.

Цивил вчера (10 април) испрати дополнително писмо во кое пратениците се потсетуваат и се информираат за Кампањата. Меѓу другото, во писмото се наведува дека, на барање на пратениците, може да им се достави дополнителна копија од Декларацијата, доколку претходната копија ја изгубиле во меѓувреме. 

Friday, March 30, 2012

ЈАВНО ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ



СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА, 29-03-2012 

Почитувани дами и господа Пратеници,

Ве потсетуваме дека во тек е потпишувањето на ГЛОБАЛНА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СПОГОДБА ЗА ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ со рок на потпишување до понеделник, 2 април. Декларациите Ви се доставени на 27 март преку Координаторите на парламентарните групи, односно директно на пратениците кои не се во парламентарни групи. Декларациите се пропратени со писмо во кое се објаснува суштината на оваа кампања, а доколку Ви се потребни повеќе информации, Ве молиме, обратете се до нашата канцеларија или кликнете на блогот специјално креиран за потребите на оваа кампања.

Воедно, до медиумите уште еднаш ги доставивме сите материјали кои се однесуваат на оваа кампања, со надеж дека ќе објават информации и содржини во врска со оваа глобална акција.

Со својот потпис и активно залагање во доменот на контролата на оружјето, македонските парламентарци придонесуваат кон јакнење на безбедноста и сигурноста на своите гласачи. Со оваа акција на глобално и национално ниво се дава голем и конкретен придонес и кон почитувањето на човековите права и слободи, како и кон развојот воопшто.

Срдечен поздрав,
Тимот на Цивил

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА:


Thursday, March 29, 2012

Парламентарна декларација за контрола на оружјето


Парламентарците имаат значајна улога во успехот на идната Спогодба за трговија со оружје (Arms Trade Treaty - ATT). Тие имаат можност да настапат како застапници, законодавци и чувари на јавната доверба, како и морални индивидуи. Поаѓајќи од значењето кое во секое демократско општество ги имаат парламентарците, коалицијата Control Arms, чија членка е и нашата организација, ја лансираа кампањата Парламентарна Декларација.
Од прес конференцијата во 
НВО Инфо Центар, 28 март 2012 г.
Парламентарната поддршка за Спогодбата за трговија со оружје за прв пат беше демонстрирана во 2008 година кога партнерите во рамките на коалицијата Control Arms ширум светот собраа преку 2000 потписи на парламентарци од 124 држави.
Во 2009 година голем дел од владините делегации во ОН гласаа да се прејде од формални разговори кон работа врз конкретни мерки за формулирање на силна и ефективна Спогодба за трговија со оружјето на глобално ниво. Во таа година, 153 владини делегации гласаа за почеток на овој процес. Владината делегација на Зимбабве беше против оваа спогодба.
Три години по почетокот на овој процес, државите членки на ОН повторно се на крстопат, во пресрет на преговорите за конечно формулирање и донесување на Спогодбата за тргови со оружје во јули оваа година. Декларацијата на членовите на парламентите ширум светот ќе бидат поттик за структурите кои носат одлуки да го окончаат овој процес успешно и да донесат спогодба која ќе биде ефикасна и сеопфатна.
ДЕКЛАРАЦИЈАТА ДОСТАВЕНА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ
Цивил – Центар за слобода вчера им ја достави на потпишување Парламентарната декларација за поддршка на Спогодбата за трговија со оружје (АТТ) на сите 123 пратеници. Декларацијата е преведена на македонски и албански јазик и се очекува парламентарците да ги вратат потпишани овие декларации до понеделник, 2 април 2012.
Со потпишување на оваа Декаларација, пратениците на Република Македонија добиваат можност да им се придружат на напорите на парламентарците од целиот свет за воспоставување на стриктна контрола на трговијата со оружје во светот. Овој глобален проект кој во земјава го спроведува Цивил претставува придонес кон развојот и јакнењето на демократијата, човековите права и слободи и развојот на општеството на светско ниво, а соодветно на тоа и на национално ниво.
Нула одзив на МК парламентарците во 2008 година
Во 2008 година, во рамките на Глобалната недела на акција против оруженото насилство по иницијатива на ИАНСА на глобално ниво, Цивил упати јавен повик до парламентарците и писмо до Парламентот со термин за потпишување на оваа декларација.
Од прес конференцијата во 
НВО Инфо Центар, 28 март 2012 г.
Ниеден член на македонскиот парламент не се појави да ја даде својата поддршка на овој процес. Без оглед на причините заради кои оваа соработка изостана во 2008 година, ние оваа година го повторуваме целиот процес со неколку новости за начинот и динамиката на оваа активност.
Се надеваме дека оваа година ќе биде поинаку, особено со оглед на фактот дека процесот на усвојување на АТТ на глобално ниво се ближи кон својата успешна завршница
ПРИДОБИВКИ ОД КОНТРОЛАТА НА ОРУЖЈЕТО НА НАЦИОНАЛНО НИВО

Иако е од глобален карактер, оваа акција има големо значење на национално ниво. Ова особено се однесува на воспоставување правна рамка за доследно и долгорочно залагање на институциите на државата за стриктна контрола на оружјето, како и за транспарентност и вклученост на демократските институции во надзорот и контролата на оружјето.
На различни начини, ова ќе придонесе и кон поуспешна борба против нелегалното оружје. Исто така, подобрувањето на легислативата во доменот на контролата на оружјето на глобално ниво и нејзино спроведување на национално ниво ќе значи подигнување на нивото на одговорност на надлежните во поглед на набавките, трансферите и употребата на оружјето, муницијата и опремата.
Секоја земја поединечно ќе сноси одговорност во поглед на почитувањето на човековите права и слободи, бидејќи оваа глобална легислатива во себе вклучува механизми за надзор на тие состојби и нивно доведување во врска со оружјето.
Работата на оваа кампања на глобално ниво има и дополнителна функција на јакнење на јавната свест за проблемите поврзани со оружјето, а кои се директно поврзани со развојот на земјата воопшто.

Wednesday, March 28, 2012

Кампања на Control Arms: Контрола на оружјето сега!

Освен кампањата за потпишување на Парламентарната декларација за поддршка на Спогодбата за трговија со оружјето, во тек е и глобалната кампања наменета за сите граѓани на светот загрижени за темите поврзани со контролата на оружјето. Кликнете на www.controlarms.org и одете на SPEAK OUT и поддржете ја глобалната кампања за поддршка на Спогодбата за трговија со оружје. Во меѓувреме, имајте предвид дека вашите драгоцени размислувања, идеи, активности и предлози можете да ги споделите со нас.
Контактирајте го Цивил: civil.arms.control@gmail.com
Не заборавајте да го посетите и www.civil.org.mk, како и другите блогови на Цивил. Линковите до другите блогови ќе го најдете на http://civil-link.blogspot.com/ 

Control Arms: The Story so Far

Документарен филм за создавање на коалицијата за поддршка на глобалната Спогодба за трговија со оружјето, лобирањето и процесот. Зошто се покрена иницијативата, што е направено досега, што уште преостанува да се стори. Погледнете го.

Tuesday, March 27, 2012

ГЛОБАЛНА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СПОГОДБА ЗА ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ

www.controlarms.org

Меѓународната заедница е на крстопат во процесот на преговорите за постигнување на Спогодбата за трговија со оружјето. Како демократски избрани членови на парламентот ширум светот, ние гласно го одобруваме и поддржуваме овој преговарачки процес кој мора да овозможи цврст и законски обврзувачки инструмент кој ефективно се справува со катастрофалните последици од оруженото насилство и конфликтите во целиот свет.
Ние сме засегнати со тоа дека меѓународната трговија со оружје, кога се спроведува неодговорно или се пренасочува кон илегалните пазари, придонесува кон оружените конфликти и оруженото насилство. Ова често резултира со сериозни прекршувања на меѓународната легислатива за човековите права и меѓународното хуманитарно право, внатрешни и прекугранични раселувања, тероризам, организиран и општ криминал и олеснување на трговијата со наркотици.
Освен тоа, го поттикнува родовото насилство врз жените – кои исто така трпат индиректни, долгорочни последици од оруженото насилство. Сите овие фактори зи загрозуваат мирот и процесите за градење на мирот, човечката сигурност, иницијативите за намалување на сиромаштијата и изгледите за одржлив социо-економски развој.
Ние сме цврсто убедени дека силна Спогодба за трговија со оружје (ATT – Arms Trade Treaty) може да даде значаен придонес во справувањето со ужасните човечки жртви кои се директна последица на лошо регулираната трговија. Најмалку што треба да се очекува од ATT е да не дозволи ниту еден меѓународен трансфер на оружје и муниција доколку постои ризик оружјето да биде употребено за кршење на  човековите права, меѓународното хуманитарно право или ги оневозможува напорите за редукција на сиромаштијата или социо-економскиот развој.
Исто така, нам ни е јасно дека, ако сакаме Спогодбата за оружје да има соодветно влијание, истата мора да биде сеопфатна и да ги вклучи сите меѓународни трансфери на конвенционално оружје, особено на малото и лесно оружје, но и муницијата и опремата што се користи во воените и внатрешните безбедносни операции.
Како законодавци од целиот свет, не само што сме поддржувачи на Спогодбата за трговија со оружје, туку имаме и пресудна улога и одговорност овој Договор да го спроведеме во дело.
Како Застапници ние можеме и ќе продолжиме со активно ангажирање со нашите колеги во извршните бранши на владата да придонесеме ATT да го добие приоритетот што го заслужува и ќе останеме информирани за овој процес и соодветниот пристап кон него. Исто така, активно ќе се залагаме за ратификација на ATT во нашата земја кога истата ќе биде потпишана на меѓународно ниво.
Како Законодавци – ќе подготвиме легислатива која на ATT ќе и овозможи ефект во нашата земја и ќе бараме секој од домашните закони верно да ги одразува и интегрира одредбите на ATT.
Како Чувари на народната довербаќе обезбедиме преку нашите надлежности за надзор и одговорност, дека нашите влади правилно ќе го имплементираат и спроведуваат домашното право во согласност со ATT. Легислативата е добра само толку колку што е добра нејзината имплементација.
Како Морални индивидуи, над сѐ, кои ги гледаат животите на оние кои претрпеа ненадоместливи штети од сегашната неадекватна регулација на глобалната трговија со оружје.
Ја поздравуваме растечката глобална поддршка на ATT, меѓу многуте различни групи – вклучувајки го приватниот сектор и глобалната заедница на инвеститори, преживеаните од оруженото насилство и верските лидери – кои во сѐ поголем број препознаваат дека Спогодбата за трговија со оружје е во интерес на сите, не само на неколкумина.
Затоа, ги повикуваме засегнатите во преговорите за Спогодбата за трговија со оружје од целиот свет да ни се придружат во вдвојување на нашите напори, во претстојните месеци, да креираме силна меѓународна согласност која ќе го спречи неодговорната и незаконска трговија меѓу државите. Солидна Спогодба за трговија со оружје во голема мера ќе ги редуцира бесмислените и огромни загуби на човечки животи и придобивки, а истовремено, нема да ги загрози операциите на легитимната глобална трговија со оружје која се спроведува со потполн респект за владеењето на законот и меѓународните стандарди.

Потпис

---------------